Нашите супермаркети секојдневно стануваат складишта на најразлична амбалажа, а намирниците кои до скоро ги купувавме без амбалажа сега се продаваат спакувани, измерени и покриени со различни слоеви на фолија, картон или пластика.
Тим на жени од Берлин одлучиле ова да го сменат и од неодамна ја започнале концептуалната трговија во која едноставно амбалажата не постои.
Продавницата под име Original Unverpakt (Оригинално неспакувано) е отворена со идеја за зголемување на свеста на купувачите и избегнување на амбалажата при купување на намирници. Купците се поттикнуваат да донесат своја амбалажа при купувањето, а доколку заборават секогаш можат во продавницата да изнајмат стаклен сад.
Milena Glimbovski и Sara Wolf, спроведувачите на идејата, веруваат дека во првиот налет можат да осигураат дури 600 производи кои е можно да се купат без амбалажа, додека предност ќе им биде дадена на производите кои се локално произведени.
По само неколку дена на германскиот crowdfubding web страниците startnext проектот ги дуплирал своите цели на финансирање, а првата продавница е веќе отворена во Берлинскиот кварт Kreuzberg.
{loadposition content9}