Skip to main content

Супермаркет во Рига се срушил како кула од карти, билансот 21 жртва

Бројот на жртви при колапс на покривот на супермаркетот „Максима ХХ” во предградието на Рига се искачи на 21, а триесетина лица се здобиле со повреди, пренесе Би-Би-Си.

 |  Голабовски Крсте  | 
supermarket
супермаркет

Бројот на жртви при колапс на покривот на супермаркетот „Максима ХХ” во предградието на Рига се искачи на 21, а триесетина лица се здобиле со повреди, пренесе Би-Би-Си.

pozarnikariМеѓу загинатите се и тројца пожарникари кои работеле на спасување на повредените.

Според летонската државна новинаска агенција „ЛЕТА“ спасувачката мисија се’ уште трае, имало повеќемина затрупани под рушевините, бидејќи во моментот на несреќата маркетот бил полн со купувачи.

Според нивните проценки околу 70 лица биле заробени под рушевините.Причините за несреќата се’ уште не се познати, но официјални претставници рекоа дека на покривот се градела зимска градина.

Локалните власти побараа од граѓаните да донираат крв за повредените.Според очевидци објектот, стар само две години, се срушил како кула од карти.

{loadposition content9}