На ноќното небо денес не очекува спектакл со тоа што ќе можеме да ја гледаме месечината во својот најголем сјај и дождот од метеори Персеида.
Спрема пишувањето на лондонски Telegraph, Персеида ќе се поклопат со супермесечината во еден од најисчекуваните случувања во астрономскиот календар.
Месечината ќе ни се претстави во своето најсјајно издание во последните 20 години, бидејќи, освен тоа што ќе биде полна, таа ќе се најде во точката каде е најблиску до Земјата (Перигеј).
Кога месечината е во Перигеј тогаш е 50.000 километри поблиску до земјата од најодалечната точка од Земјата. Тогаш таа е за 14% поголема и 30% посветла од другите полни месечини во текот на годината.
Два дена подоцна дождот од метеори, Персеида, ќе ја достигне својата кулминација, пропратена со огнени топки посветли од Венера и Јупитер.
{loadposition content9}