Швајцарија нов член на Шенген зоната
Швајцарија од денеска е во Шенгенската зона, при што се отстранети граничните пунктови на швајцарската граница со соседните земји-членки од Европската унија.
Граѓаните на Швајцарија и на ЕУ ќе можат слободно да влегуваат и излегуваат без да ги покажуваат пасошите. Но патниците кои патуваат со авион се уште подлежат на пасошка контрола до 29 март 2009 година.
Референдумот за присоединување на Швајцарија во Шенгенската зона беше изгласан во 2005 година, а конечната одлука беше донесена на 27 ноември годинава на средбата на министри за внатрешни работи на земјите-членки на Шенгенскиот договор.
Шенгенската зона е создадена врз договорот меѓу Белгија, Германија, Луксембург, Холандија и Франција во 1985 година. Договорот е потпишан во градот Шенген, Луксембург, а истиот стапи на сила во 1990 година.
Последното проширување на Шенгенскиот договор беше кон крајот на 2007 година со приемот на Естонија, Литванија, Летонија, Малта, Полска, Словенија, Словачка, Унгарија и Чешка.
{loadposition content9}