Skip to main content

Светот на раб на нуклеарна војна?

Додека светот стравува од ескалација на нова војна, Северна Кореја не се откажува од намерата и вчера потврди дека нејзината војска доби зелено светло да ги нападне САД, со мало, лесно и различно нуклеарно оружје.

 |  Голабовски Крсте  | 
karikatura
карикатура

Додека светот стравува од ескалација на нова војна, Северна Кореја не се откажува од намерата и вчера потврди дека нејзината војска доби зелено светло да ги нападне САД, со мало, лесно и различно нуклеарно оружје.

ким јунг улКако одговор на заканата на комунистите, Пентагон ја подготви противракетната опрема на пацифичкиот остров Гуам, кое е една од главните мети на Северна Кореја.

-Официјално ја известуваме Белата куќа, дека ќе биде срамнета со земјата, поради непријателството и заканите упатени кон Демократска Народна Република Кореја. На Америка би и било подобро да размисли над оваа сериозна ситуација – му порача на Пентагон преку државните медиуми, воено лице од главниот штаб на севернокорејската војска.

Воени експерти од Запад тврдат дека Северна Кореја не е подготвена да влезе во нуклеарна војна.
Според нив воениот судир е неизбежен, но прва на мета претпоставуваат дека ќе биде Јужна Кореја.
Многу сомнежи за вистинската сила која Северна Кореја ја поседува, испливаа на површина.
Во државата не се врши мобилизација, ракетите на воената парада во Пјонгјанг се верува дека се макети, а за бродовите на сликите во текот на воените вежби, се откри дека се монтажа. Но нуклеарното оружје и плутониумот кој го поседуваат Севернокорејците фрла сенка над завојуваните страни.

САД изложи стратегија за текот на воените операции на Корејскиот полуостров. Додека проектили би летеле кон Сеул, САД со авионите распоредени во Јапонија и Јужна Кореја ќе ги бомбардира копнените цели и ќе ја уништува ПВО, како и мостовите во Северна Кореја.
Според нивните проценки САД за три до четири дена би ја презеле контролата во свои раце.

{loadposition content9}