Светската агенција Associated Press уште пред шест месеци најави, а потоа и го имплементира системот во кој за пишување статии користи “новинари роботи”.
Имено, програмата е осмислена на начин така што пишува статии за работните резултати и известувањата од компаниите, за новинарите да имаат повеќе време за следење на трендовите, пронаоѓање нови приказни и ексклузивни вести. Програмата се вика “Automated Insights” и секој квартал објавува околу 3.000 вести од бизнисот и известувањата од компаниите, а таа бројка од ден на ден расте сѐ повеќе.
Кварталната добивка, кога е во прашање бизнис известувањето, е воглавно стресна работа која бара комбинација на брзина и прецизност. Тоа е само една од причините поради кои AP уште минатата година одлучи да започне автоматизација на кварталните известувања, користејќи притоа Wordsmith платформа.
Спрема зборовите на менаџерот за односи со јавноста на АР James Kotecki, платформата Wordsmith неделно создава преку 4 милиони статии. Тој исто така рекол дека овој систем, ако е потребно, може да произведе и до 2.000 статии во секунда.
Пред воведувањето на овој програм, АР пратеше квартални известувања на околу 300 компании, а сега секои три месеци автоматизира 3.000 такви известувања за големите компании како што се Apple, Google, American Airlines, Coca-Cola и многу други.
{loadposition content9}