Skip to main content

Светската криза го зајакна организираниот криминал

Светската финансиска криза му понуди на организираниот криминал единствена можност да се врати во глобалниот банкарски систем од каде беше отстранет со мерките воведени по нападите на 11. септември 2001 година.

 |  Крсте Голабовски  | 
лого

Светската финансиска криза му понуди на организираниот криминал единствена можност да се врати во глобалниот банкарски систем од каде беше отстранет со мерките воведени по нападите на 11. септември 2001 година.
мрежаОва го изјави извршниот директор на секторот за борба против криминалот при Обединетите нации (ОН) Антонио Мариа Коста. Според него, до финансиската криза во 2008 година банкарскиот систем „беше многу активен и чист“ што го принуди организираниот криминал да се врати на готовински трансакции.

„Тоа во основа беше состојба до финансиската криза која почна како проблем на ликвидноста, неподготвеноста на банките да се ангажираат на меѓубанкарските трансакции“, рече Коста.

„Така од една страна имате прилив, ресурси, готовина од организираниот криминал, а од друга страна многу неликвидни банки кои имаат потреба од готовина. Тоа навистина е можност организираниот криминал да продре во финансискиот систем“, посочува раководителот при ОН.

Коста своите оценки ги изнесе на отворањето на Иницијативата на ОН за западна Африка, програма на повеќе агенции за борба против организираниот криминал во тој дел од светот погоден од судири, кој што последните години стана транзитен јазол за кокаин од Јужна Америка кон Европа.

 

{loadposition content9}