Skip to main content

Сетски ден за акција за човековите права и слобода на медиумите

По последните масовни протести во Иран, меѓународните организации повикаа на светски ден за акција за човековите права и слободата на медиумите, кој треба да се одржи на 25 јули.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

По последните масовни протести во Иран, меѓународните организации повикаа на светски ден за акција за човековите права и слободата на медиумите, кој треба да се одржи на 25 јули.

plakatЛуѓето низ цел свет треба да се соберат следната сабота за да ја покажат својата солидарност со иранското протестно движење, соопштија Амнести интернешенл, Репортери без граници, ПЕН клубовите и други организации. Повикот е објавен од Берлин и ја има поддршката на иранската носителка на Нобелова награда за мир, Ширин Ебади. Организациите меѓу другото бараат почитување на човековите права  во Иран истрага од ОН за нивното прекршување ослободување на сите политичкизатвореници и запирање на државно поддржуваното насилство.

Десетици илјади приврзаници на опозицијата ја искористија петочната молитва   за нови протести против владата во Техеран. Голема група демонстранти се собра во близина на техеранскиот универзитет, каде проповед одржа влијателниот свештеник, Али Акбар Хашеми Рафсанџани, кој е критички настроен кон режимот. Според изјави на сведоци, полицијата употребила гас солзавец за да ги растера демонстрантите, кои на адреса на претседателот Махмуд Ахмадинеџад скандирале „Слобода, слобода“ и „Смрт на диктаторот“. Викале и „Смрт на Русија“, бидејќи Москва ја призна изборната победа на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

Демонстрантите носеле зелени маски, а жените зелени прекривки за главата, јасен симбол за поддршка на Мусави.
Рафсанџани ја повика владата да ги ослободи приврзаниците на опозицијата, што беа уапсени по спорните претседателски избори.

{loadposition content9}