Светски ден на безбедноста и здравјето на работа
Меѓународната организација на трудот(ИЛО) го прогласи 28. април за Светски ден на безбедноста и здравјето на работа.
| Крсте Голабовски | Свет
лого
Меѓународната организација на трудот(ИЛО) го прогласи 28. април за Светски ден на безбедноста и здравјето на работа.
Од 1996. година овој ден во 120 земји во светот се одбележува како Меѓународен ден за сеќавање на загинатите работници под мотото „Да се сетиме на мртвите, да се бориме за живите“.
Посебен акцент се става на превенциите на болести и повреди на работното место, темелен врз трипартитна основа и социјален дијалог.
Меѓународната организација на трудот и Светската здравствена организација проценуваат дека секоја година на работа смртно страдаат околу два милиони работници, 260 милиони заработуваат повреди, а голем број се и случаевите на професионални болести.
Со одбележувањето на овој ден се настојува да се влијае врз подигањето на нивото на свеста за потребата за примената на заштитата на работа.
Овој ден ширум светот се одбележува со различни манифестации и акции. Овогодишниот Светски ден на безбедноста и здравјето на работа се промовира со слоганот „Здравје и живот на работа:Основно човеково право“.

{loadposition content9}