СЗО демантира дека вирусот Х1Н1 е лабораториска грешка
Нема докази дека вирусот Х1Н1 на новиот грип А е создаден во лабораторија, изјави заменик-генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Кеиџи Фукуда.
| Крсте Голабовски | Свет
банер
Нема докази дека вирусот Х1Н1 на новиот грип А е создаден во лабораторија, изјави заменик-генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Кеиџи Фукуда.
Пензиониран вирусолог од Австралискиот национален универзитет, Ејдран Гибс, претходно изнесе теорија дека е можно вирусот Х1Н1 да настанал од невнимание на научниците, кои развивале нови вируси за создавање нови вакцини.
И експертите за грип од Светската здравствена организација ја разгледуваат можноста грипот А да е комбинација од генетскиот материјал на свињите, птиците и на луѓето, создаден во научна лабораторија.
„Имаше реклама за вакцина против грипот кај свињите, што содржи три различни вируси. Доколку вирусот за создавање таква вакцина не бил уништен, тоа и ја објаснува заразата. Но, тоа е само една од неколкуте можности“, истакнува Гибс.
Тој е еден од научниците кои учествувале во создавањето на лекот „тамифлу“, што засега е најефикасен медикамент за лекување на различни типови грип.

{loadposition content9}