СЗО: “Огромен биолошки ризик” по заземањето на лабораторијата во Судан
Властите на ОН велат дека едната страна во конфликтот во Судан презела контрола врз државната здравствена лабораторија во главниот град Хартум, каде што се наоѓа биолошкиот материјал, додавајќи дека ова е “исклучително опасен” развој на настаните.
Нима Саид Абид, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Судан, изрази загриженост дека “една од страните во конфликтот”, притоа не кажувајќи која, ја презеде контролата врз централната лабораторија за јавно здравје во Хартум и “ги протера сите техничари”.
“Ова е екстремно, исклучително опасно бидејќи тие имаат полио изолати во лабораторијата, имаме изолати за сипаници, колера изолати во лабораторијата”, изјави тој за брифингот на ОН во Женева преку видео повик. Протерувањето на техничарите и прекините на струјата во Хартум значи дека не е можно правилно да се управуваат биолошките материјали кои се складираат за медицински цели, додаде СЗО.
Лабораторијата се наоѓа во централниот дел на главниот град, во близина на местото на конфликтот помеѓу суданската армија и паравоената група Единици за итна поддршка (РСФ).