Децата кои имаат таблети и паметни телефони во своите соби спијат помалку од оние кои ги немаат до себе, покажала американската студија објавена неодамна.
Децата со модерните играчки во своите соби спијат 21 минута помалку од оние кои ќе ги остават вон дофат, вели студијата објавена во часописот Pediatrics.
Освен тоа, децата кои имаат телевизор во собата спијат 18 минути помалку од оние кои немаат далечински управувач до себе.
“Овие резултати треба да бидат предупредување дека децата не треба да имаат неограничен пристап до екраните во своите соби”, вели Jenifer Falbe од калифорнискиот универзитет која ја водела студијата. Таа е спроведена на 2.048 деца помеѓу 10 и 13 години кои се школуваат во Масачусетс.
{loadposition content9}