Skip to main content

Тачи во посета на Франција

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска ќе престојува во официјална посета на Париз, на покана на францускиот претседател Никола Саркози.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hasim Taci
Хашим Тачи
Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска ќе престојува во официјална посета на Париз, на покана на францускиот претседател Никола Саркози.

Hasim TaciПоканата на Саркози, е во рамките на средбите на францускиот претседател со премиерите на регионот на Југоисточна Европа.

„Главна тема на средбите на премиерот Тачи со највисоките официјални претставници во Париз ќе биде продлабочувањето на односите меѓу Косово и Франција, а во тие рамки и потврда на продолжувањето на поддршката на француската држава за сестраниот развој на новата држава Косово“, соопшти кабинетот на косовскиот премиер.

Тачи, кој за време на посетата во Париз ќе биде придружуван и од косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени, ќе има работен ручек со шефот на француската дипломатија, Бернард Кушнер.

Ова е прва посета на косовскиот премиер Хашим Тачи на Франција, по прогласувањето на независноста на Косово.

 

{loadposition content9}