Skip to main content

Тајфунот Кетсана му се заканува на Виетнам

Централниот дел од Виетнам се подготвува за тајфунот Кетсана, кој според предвидувањата денеска попладне треба да ги погоди крајбрежните провинции Квангнам и Тхиентхиен-Хјуе.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ketsana
Кетсана
Централниот дел од Виетнам се подготвува за тајфунот Кетсана, кој според предвидувањата денеска попладне треба да ги погоди крајбрежните провинции Квангнам и Тхиентхиен-Хјуе.

KetsanaОд пред два дена почна евакуацијата на крајбрежните населби. Сите рибарски бродови се на пристаниште. Во големите градови на Централен Виетнам – Дананг и древната императорска престолнина Хјуе затворени се дел од училиштата.
Од синоќа до крајот на денешниот ден откажани се сите полети од и до централниот дел на Виетнам/
Се предвидува дека тајфунот Кетсана да биде еден од најсилните оваа сезона. Кетсана доаѓа од Филипините каде предизвика големи поплави и однесе 240 жртви.







{loadposition content9}