Спрема наводниот договор, Европа за признавање на Крим во составот на Русија би добила сигурно снабдување со гас.
Основната цел на тајниот мировен план, како што тврди The Independent, е стабилизација на украинската граница и обезбедување на силни економски поддршки на осиромашената Украина, особено по пат на енергетскиот договор кој би осигурал снабдување на гас на Украина и Европа.
Контроверзниот план предвидува најпрво меѓународната заедница да ја признае независноста на Крим и неговото припојување кон Русија, што некои членки на ОН тешко ќе го прифатат.
Извори блиски на тајните преговори помеѓу канцеларката Меркел и претседателот Путин, наведуваат дека во случај на постигнат договор, Русија ќе мора веднаш да ја повлече својата финансиска и воена поддршка на проруските сили на истокот од Украина. Истовремено, Украина би морала да се откаже од членството во НАТО. Русија за возврат ќе прекине да се меша или да ги блокира новите трговски односи помеѓу Украина и Европската унија. Исто така, Украина би добила нов долгорочен договор со Гаспром, и Москва би исплатила отштета на Украина од една милијарда долари поради загубите од рентата која Русија и ги плаќаше на Украина додека воените сили беа сместени на Крим и во Севастопол.
Овие обиди на германската канцеларка да посредува помеѓу Путин и Украинскиот претседател Порошенко, пропаднаа по рушењето на малезискиот авион МН17, пишува The Independent.
Но, добро упатени извори за британскиот весник рекле дека овој германски мировен план е сеуште на маса и дека се очекува дека преговорите ќе продолжат по завршувањето на истрагата за причините на паѓањето на авионот во кој загинаа 298 лица.
Портпаролот на британското министерство за надворешни работи рекол дека нема сознаниа за некакви преговори и дека е малку веројатно дека САД и Велика Британија ќе го признаат Крим во состав на Русија.
Во германската амбасада во Лондон, исто така никој не сакал да ги коментира овие наводи, додава британскиот весник.
{loadposition content9}