“Мислам дека iPhone ќе користам до крајот на животот”, барем толку му должам на Apple – изјавил 18 годишниот Американец Sam Ray коментирајќи ја ситуацијата во која iPhone, односно гласовната апликација Siri му го спасила животот.
Тој на почетокот на јули својот камионет го подигнал на дигалка за да го поправа, но истата попуштила па камионот паднал на него, го пригмечил и не можел да се помести. Околу него немало никој за да се обрати за помош. Тој се сеќава дека викал и барал помош, но неговите повици ги чул неговиот телефон, односно гласовниот асистент Siri. Иако не можел да го дофати со рацете, успеал да го активира Siri со повик со кој го повикал 911 за да од другата страна чуе само “halo”, а потоа почнал да вика помош.
Cristina Lee, која на тој ден примала повици, на почетокот мислела дека се работи за случаен повик, односно дека телефонот во џеб сам се активирал, но тогаш ги чула повиците за помош. На основа на повикот успеала отприлика да го ја дознае локацијата, но тогаш се чул гласот од Ray каде ја кажува точната адреса. По 40 минути страдање, кога Ray помислил дека нема спас, помошта стигнала и пожарникарите го извлекле несреќниот Американец.
Сепак Ray може да биде среќен бидејќи се извлекол со неколку скршени ребра, отоци на бубрегот, опекотини и мал потрес на мозокот.
“Имал многу среќа”, коментирал дежурниот лекар и додал дека поради вакви несреќи луѓето би можеле да загинат, а Sam Ray денес е благодарен на бога и на Siri бидејќи останал жив, пишува USA Today.