Skip to main content

Телефонски разговор помеѓу Обама и Ердоган

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, зборувал за важноста на слободата на говор, соопштува Белата куќа.

 |  Голабовски Крсте  | 
erdogan i obama
ердоган и обама

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, зборувал за важноста на слободата на говор, соопштува Белата куќа.

LogoВо соопштението се наведува дека Ердоган на Обама му ја објаснил ситуацијата во Турција, каде од 31-ви мај се одржуваат масовни протести кои биле мотивирани од планот за преуредување на еден паркот Гези во Истанбул, но тие набрзо прераснаа во демонстрации против 10-годишното владеење на Ердоган.

„Двајцата лидери разговараа за важноста да нема насилство, како и право на слобода на говор и собирање како и на слободно новинарство“, стои во соопштението на Белата куќа.

Пред разговорот на Обама и Ердоган, американската и турската администрација раменуваа остри зборови во врска со протестите во Турција, при што официјален Вашингтон изрази загриженост околу „прекумерната употреба на сила“ од страна на турската полиција, додека Анкара остро ги отфрли тие критики.

Покрај ситуацијата во Турција, Обама и Ердоган разговорале и за Сирија и потребата на бунтовниците, кои ги поддржуваат САД и Турција, да им се пружи поголема поддршка.

{loadposition content9}