LG претстави 18 инчен телевизор кој може да се завитка како весник или пешкир за на плажа, а најавија ваков телевизор и со дијагонала од 60 инчи.
Бројни гласини кои се објавени минатата година кажуваа дека новите топ модели на смарт телефоните ќе имаат закривени и свиткани екрани, но освен два модела на Samsung и LG, до сега не се претставени такви телефони со револуционерен екран и мислењата се дека ќе помине уште некое време додека тоа се случи.
Освен на телефони, инжинерите од LG веќе некое време работат на свиткувачки телевизори – на Phandroid велат дека вакви телевизори ќе можат да се свиткаат како весник или пешкир и да се пренесуваат на друго место.
Во оваа јужнокорејска компанија велат дека веќе го направиле прототипот со дијагонала од 18 инчи (со резолуција 1200х800) и најавиле дека тоа е почетокот на развојот на овие телевизори. Имено, во LG веруваат дека до 2017 година ќе имаат спремен UltraHD флексибилен и транспарентен OLED екран со дијагонала поголема од 60 инчи.
Ако нивното предвидување се отствари, овие телевизори ќе чинат многу – на пример цената на нивниот 55 инчен тенок OLED чини околу 9.000 долари, така да јасно е дека, барем на почеток, можеме да очекуваме огромни цени за нивните свиткувачки телевизори. Секако, освен телевизори, во иднина очекуваме вакви екрани да почнат да се користат и во таблетите, смарт телефоните и во други уреди.
{loadposition content9}