Тензично на антиваксерските протести во Хрватска
Тензично во Хрватска. Околу 15 000 граѓани излегоа на улиците низ Загреб за да го изразат својот револт против задолжителната вакцинација во јавниот сектор и ковид пропусниците.
Тензично во Хрватска. Околу 15 000 граѓани излегоа на улиците низ Загреб за да го изразат својот револт против задолжителната вакцинација во јавниот сектор и ковид пропусниците.
Граѓаните реагираат дека оние кои не сакаат да се вакцинираат се дискриминирани бидејќи им се оневозможува пристап до работа, студирање и им се кршат основните уставни права и слободи.
Дел од демонстраните се обидоа да влезат во Хрватската радио телевизија, но планот не им успеа бидејќи беа сопречени од полицијата. Во притвор заврши 61-годишна жена која преку СМС порака се заканува дека ќе ги убие членовите на Националниот штаб за цивилна заштита.
Извот / СителТВ