Терористички напад во Ливерпул
Вчерашната експлозија на такси возило пред болница во Ливерпул полицијата ја оквалификува како терористички напад, јавува BBC.
| | Свет
Вчерашната експлозија на такси возило пред болница во Ливерпул полицијата ја оквалификува како терористички напад, јавува BBC.
Во експлозијата загина патник во такси кој носел импровизирана експлозивна направа. Повреден е таксистот кој е прогласен за херој бидејќи го заклучил сомнителниот патник во возилото.
BBC пишува дека за експлозијата се уапсени четворица мажи, но мотивот сѐ уште не е јасен.