Skip to main content

Терористички напад во Париз, убиен еден полицаец

Одговорноста за нападот ја превзеде Исламска држава

 |  инфодеск  | 

Француски полициски службеник е убиен ноќта помеѓу понеделник и вторник пред својата куќа во предградието Magnanville во Париз, а одговорноста за нападот го превзеде Исламска држава, пренесуваат агенциите.

Неидентификуван напаѓач убил 42 годишен полициски службеник и потоа се забарикадирал во неговата куќа. Него го убиле припадниците на специјалните сили на француската полиција откако пропаднале преговорите за предавање. Во куќата е пронајдено уште едно женско тело за кое се претпоставува дека е сопруга на убиениот полицаец, пренесува Reuters.

Агенцијата на Исламска држава Amaq соопшти дека зад нападот стои таа радикална исламистичка група.

Ако се потврди дека нападот го извела Исламска држава тогаш станува збор за прв напад на милитантите на француска територија откако француската влада воведе вонредна состојба по нападите во Париз кога беа убиени 130 лица.

Во овој напад спасено е тригодишно дете откако специјалците од RAID упаднале во куќата.