Тешка несреќа во Унгарија, загинаа седум лица
Седум лица загинаа, а четири се повредени кога возило со српски регистерски ознаки во кое биле мигранти се забило во куќа.
Седум лица загинаа, а четири се повредени кога возило со српски регистерски ознаки во кое биле мигранти се забило во куќа.
До несреќата дошло откако возачот одбил да застане на полициска контрола.
Портпаролот на унгарската полиција Силвија Сабо, изјавила дека несреќата се случила на магистралниот пат 55. Возачот на автомобилот со српски регистерски ознаки се обидел со голема брзина да избега кога ја видел полициската контрола, но удрил во куќа, по што автомобилот се превртел.
Возачот е уапсен на лице место и процесуиран поради трговија со луѓе и тешка сообраќајна несреќа.
Во автомобилот се наоѓале 10 мигранти. Седум од нив починале на лице место, а четири лица, меѓу кои и возачот, се повредени.