Повредени се неколку лица
Тешка сообраќајна несреќа кај Дубровник
Во тешката сообраќајна несреќа која се случи кај Дубровник, повредени се неколку лица кои се пренесени во болница.
Неколку лица се повредени во судир на два автомобили со дубровнички регистарски ознаки на државниот пат Д-8, недалеку од кривината за Босанка. Тие со возило на Итна медицинска помош се пренесени во ОБ Дубровник.
Полицијата известува како се одвива сообраќајот, од градот преку жичарницата, а излезот е преку Комолц.
Сеуште не е познато како дошло до несреќата, пренесе Блиц.рс.


