На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како кинеската војска тестира хиперсонична ракета.
Ракетата е лансирана од брод, а хонгконшкиот „South Tea Morning Post“ тврди дека се работи за хиперсонична ракета YJ-21.
Проектилот бил истрелан од најголемиот и најнапредниот разурнувач на кинеската морнарица, наведуваат тие медиуми.
Досега се објавени малку детали за кинеската хиперсонична ракета. Се претпоставува дека има домет меѓу 1.000 и 1.500 километри и дека е дизајниран за дејствување на борбени групи носачи на авиони, пренесува RT.
疑似解放军新型舰载反舰导弹鹰击21 pic.twitter.com/3Z8SCfjHM5
— lqy🇨🇳 (@lqy99021608) April 19, 2022