Skip to main content

Трагедија на алјаска

Тинејџер убил три деца па се самоубил

15-годишен тинејџер застрелал тројца млади луѓе, браќа и сестри во дом во близина на Фербенкс, Алјаска, а потоа се самоубил.
 |  инфодеск  | 
Убиство во Алјаска

Полицијата на Алјаска пронајде четири деца мртви во нивниот дом во областа Фербенкс, во ситуација која делува како очигледно убиство и самоубиство, соопштија властите. 

Се претпоставува дека едно од децата, тинејџер (15) застрелал тројца млади луѓе, браќа и сестри во дом во близина на Фербенкс, Алјаска, а потоа се самоубил. Тој бил пронајден со прострелна рана, соопштија властите.

Полицијата на Алјаска добила дојава за пукање во дом северно од Фербенкс околу 16 часот во вторникот. Кога пристигнале на местото на настанот затекнале четири деца со прострелни рани. Родителите на децата во тој момент не биле дома, според полицијата, пренесуваат локалните медиуми.

Во куќата имало уште три деца, но не се повредени, се вели во соопштението. Тим Деспејн, портпарол на полицијата, рекол дека сите деца кои не се повредени се на возраст под 7 години и додал дека сите тие се браќа и сестри.

Децата кои биле пронајдени мртви биле на 5, 8, 17 и 15 години. Полицијата соопшти дека нивната истрага покажала дека момчето (15) убило тројца браќа и сестри, а потоа си го одзело животот. Деспејн рекол дека прашањето за мотивот сè уште е дел од истрагата.

Полицијата вели дека пиштолот бил на семејството, но освен тоа, сè друго е сеуште дел од тековната истрага. Телата се испратени на обдукција.