Skip to main content

Топ осум најкорумпирани држави

Корупцијата е тешко казнено дело насекаде но…

 |  инфодеск  | 

Хаити – Во Хаити не важат нормалните правила и подмитувањето е нормална појава. Можете да купите апсолутно се што ќе посакате. Тоа е една од најкорумпираните држави во светот, што не беше случај се до земјотресот во 2010 година. Пазете се добро кога ќе одите таму бидејќи животот вреди многу малку.
Венецуела – Се наоѓа на 174 место од 200, на скалата на корумпирани држави. Иако Хуго Чавез вети дека ќе ја искорени корупцијата, тоа никогаш не го направи. Познато е дека во Венецуела посебно е корумпирана полицијата.
Ирак – За време на режимот на Садам, корупцијата во Ирак беше толку распространета што скоро ништо не беше можно да се направи без подмитување. Ако не бевте спремни да потплатите, владата воопшто немаше да се воздржи да ве киднапира, па дури и да ве убие…
Туркменистан – И овде е скоро невозможно да направите било каква работа а притоа да не потплатите некого. Се наоѓа на 170 место на пописот од 200 најкорумпирани држави во светот.
Узбекистан – Овде е проблем што богатата влада која располага со ресурсите не му допушта на приватниот сектор да се развива, затоа што комплетното стопанство е во државни раце, па мора да се потплатува.
Судан – Досега изгубил преку четири милијарди долари што отишле на подмитување на разни страни, во држава која дневно произведува половина милион барели нафта.
Авганистан – Статистиките покажуваат дека 34% од народот е нормален, додека сите преостанати се корумпирани. Големо влијание во сево ова има војната која остави последици во сите пори од општеството. Со Северна Кореја и Сомалија се предводници на скалата за корупција.
Сомалија – Освен што митото и корупцијата се раширени насекаде, ова е една од најопасните земји за посетителите. Ако и некогаш ја посетите, прашање е како ќе излезете од таму со жива глава.

{loadposition content9}