Skip to main content

Силно невреме

Торнадо уништи град во Кина за само една минута

Градот Фошан-Кина се најде на удар на торнадо. Иако траеше само една минута, оштетени се бројни згради, возила и сообраќајна инфраструктура.
 |  инфодеск  | 
Торнадо Кина

Силно торнадо вчеравечер го погоди градот Фошан, во провинцијата Гуангдонг во Кина. Торнадото кое траело околу 1 минута, предизвикало штета во областа Нанхаи, објави државната ЦЦТВ.

Во градот имало прекин на електрична енергија, бидејќи торнадото ги скинало електричните кабли.

Тамошните жители на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии на кои се гледаат превртени автомобили, паднати стебла и електрични столбови.

Торнадото предизвикало и пожари, а итните служби работеле на локализирање на пожарите. Не се наведува колку интервенции биле направени и дали имало жртви и повредени во невремето.