Рано утринава товарен ДХЛ авион се урна во близина на аеродромот во Вилниус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните информации, пилотот бил извлечен од урнатините и предаден на медицинскиот персонал.
Според првичните информации, товарниот авион летал од Лајпциг. Претставникот на аеродромот Мариус Зелениус за ЛРТ Радио изјави дека на местото на несреќата работат голем број спасувачки екипи. Тој изјавил дека авионот се урнал околу 5:30 часот по литванско време во Липкалнис.
Началникот на литванската полиција на прес конференција изјави дека не може да се исклучи терористички напад како причина на падот на авионот.
„Ова е една од верзиите кои треба да се истражи. Но, ни претстои многу работа“, рече Арунас Паулаускас, шеф на литванската полиција. Тој предупреди дека собирањето на докази може да потрае и до една недела.
Фото: X