Трагедија во Австралија: Четири деца загинаа во забавен парк
Најмалку четири деца загинаа, а пет се тешко повредени по пад на замок на надувување во Австралија.
| | Свет
Најмалку четири деца загинаа, а пет се тешко повредени по пад на замок на надувување во Австралија.
Полицијата соопшти дека замокот бил висок 10 метри, а до трагедијата дошло на денот на забавата во основното училиште во Тасманија.
Би-Би-Си јавува дека починале две момчиња и две девојчиња.
Командантот на локалната полиција Деби Вилијамс местото на трагедијата го опиша како „вознемирувачко“. Според последните информации, починатите деца се на возраст меѓу 10 и 12 години.
Изгледа дека замокот се подигнал среде налет на силен ветер и децата паднале – вели Вилијамс.