Траект удри во пристаниште во Њу Јорк
Траект со над 750 патници поради дефект не можеше да запре и со цела сила удри во мол во њујоршкиот кварт Стејтен Ајланд.
| Крсте Голабовски | Свет
траект
Траект со над 750 патници поради дефект не можеше да запре и со цела сила удри во мол во њујоршкиот кварт Стејтен Ајланд.
При ударот нема загинати, а повредени се 15 лица, јавија денеска агенциите.
Екипажот на траектот, кој ги поврзува Менхетен и Стејтен Ајланд изгубил контрола откако на пловилото му откажале моторите и со полна пареа удрил во пристаништето.
Спасувачките екипи соопштија дека за среќа никој не паднал од траектот, а 15 патници се повредени.
Капетанот на разглас и кажал на патниците дека бродот е без сопирачки и повторувал „Патници држете се!“
Луѓето на траектот тежок 2.700 тони ги фатила паника, но реагирале мудро, собирајќи се во задниот дел на бродот, каде најмалку се почувствувал ударот.
Траект на истата линија се залета во брегот во октомври 2003 година, но тогаш загинаа 11 лица.

{loadposition content9}