“Авионот е уништен во моментот кога паднал”, изјавил за RTL радиото францускиот министер за внатрешни работи Bernard Cazeneuve.
Cazeneuve рекол дека се верува дека авионот се срушил поради лоши временски услови, но додал дека во овој момент не се исклучува ниедна теорија.
Истовремено, францускиот министер за сообраќај Frederic Cuvillier рекол дека се чувствува силен мирис на нафта од авионот на местото на несреќата и факт е дека деловите на авионот се наоѓаат распаднати на релативно мало подрачје, кои исто така укажуваат дека причините за несреќата се лошите временски услови или технички проблем, пренесува Reuters.
Нешто порано, во Франција, беше објавено дека остатоците од алжирскиот авион се пронајдени во областа Gosi во Мали, недалеку од границата со Буркина Фасо и дека француска воена единица е упатена да го обезбеди местото на несреќата и да ги собере првите информации.
Авионот, во кој се наоѓале 51 француски државјани е јасно идентификуван иако се распаднал, се вели во соопштението на кабинетот на францускиот претседател Francois Hollande. Тој во обраќањето за француската телевизија рекол дека шпанскиот екипаж сигнализирал до контролата на летање дека го менуваат правецот поради лоши временски услови а дека авионо исчезнал додека беснеело невреме на подрачјето на северен Мали.
Овој авион на AirAlgeria во периодот од 2007 до 2009 година му припаѓал на шпанскиот фудбалски тим Реал Мадрид, пренесува Marca.
Ова е трет инцидент со патнички авиони во последните седум дена, по соборувањето на Malaysia airlines MH17 над Украина и паѓањето на локалниот TransAsia на летот GE222 во Тајван, каде загинаа 47 лица.
{loadposition content9}