Три бомбашки напади во центарот на Атина
Три нови напади со рачни бомби се извршени во центарот на Атина.
| Крсте Голабовски | Свет
Атина
Непознати лица поставиле експлозивни направи на вториот спрат на една зграда, во која се наоѓа канцеларијата на пратеникот од опозициската Социјалистичка партија ПАСОК, Теодорос Пангалос, а исто така и пред домот на неговата ќерка и пред канцелариите на сметководството на весникот „Ризоспастис“, кој е печатен орган на грчката Комунистичка партија.
Трите експлозии причиниле незначителна материјална штета и пожари, кои биле многу брзо изгаснати.
Портпаролот на Владата Евангелос Андонарис остро ги осуди нападите, сметајќи дека „тие се насочени против демократијата во земјата“.
{loadposition content9}