Skip to main content

Три деца загинаа при уривање на зграда во Египет

Најмалку три деца загинаа на југот на Египет, при уривање на зграда, јавија денеска локалните медиуми.

 |   | 

Најмалку три деца загинаа на југот на Египет, при уривање на зграда, јавија денеска локалните медиуми.

Спасувачките тимови извлекле најмалку деветмина повредени од урнатините на двокатната зграда во провинцијата Бени Суеф, пишува египетскиот весник „Ал Ахрам“. Меѓу повредените има и деца.

Загинаа двајца браќа на возраст од осум и дванаесет години, како и нивната единаесетгодишна сестра.

Причината за уривањето не е позната, но тоа не е ретка појава во Египет поради лошата градба во сиромашните и руралните делови на земјата.