Skip to main content

Тридневна средба на врвот на Г-8 во Аквила

Светската економска криза и реформата на финансискиот систем, енергетска сигурност, неопходноста од мерки против климатските промени и кризата во Иран ќе бидат во центарот на вниманието на тридневната средба на Г-8.

 |  Крсте Голабовски  | 
лого

Светската економска криза и реформата на финансискиот систем, енергетска сигурност, неопходноста од мерки против климатските промени и кризата во Иран ќе бидат во центарот на вниманието на тридневната средба на Г-8.

Форумот почнува денеска во италијанскиот град Аквила кој во април беше погоден од силен земјотрес.
Самитот на Г-8 ќе започне со дискусии за финансиската криза, а соопштението, кое ќе биде објавени по првиот ден од средбата, веројатно ќе биде насочено кон индикациите за стабилизирање на водечките економии и ќе содржи позитивна прогноза за иднината на светската економија.

На самитот ќе биде разговарано и за можните стратегии за излез од економскиот пад и покрај тоа што лидерите на Г-8 најверојатно акцент ќе стават на тоа дека е рано за промена на политиката за стимулирање на економијата.
Состанокот ќе се одржи во зграда каде е сместена полициска академија, изградена во минатиот век со запазување на сите норми за сеизмичка стабилност и која не беше урната при земјотресот.
Од трите дена на средбата на врвот, само денеска таа ќе биде во формат Г-8. Од утре почнуваат проширени седници со учество на други држави и шефови на меѓунардони организации.
На форумот се поканети 17 држави вон членките на Г-8 (Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Русија и САД). Ќе учествуваат претставници од Бразил, Кина, Индија, Мексико и Република Јужна Африка како и на Египет, Данска, Шпанија и Холандија.

знамињаПолицијата во италијанскиот град Аквила е ставена во состојба на зголемена готовност за да се справи со евентуална појава на земјотрес, за време на средбата.
Во близина на градот ќе бидат распоредени хеликоптери, кои би ги одвеле претседателот на САД, Барак Обама и другите светски лидери во случај на земјотрес во Аквила, каде од земјотресот во април загинаа околу 300 лица, а околу 60 илјади останаа без покрив над главата.
Помали демонстрации одржани се во центарот на Рим против самитот Г-8 кој што почнува денеска, а полицијата во текот на судирите уапси речиси 40 демонстранти, од кои повеќето се Италијанци.

Студенти и антиглобалисти рано утрината запалија неколку гуми, а полицијата брзо ги уапсила.
Според локалните медиуми, демонстрантите се упатиле кон Универзитетот во Рим каде што фрлаа шишиња и камења кон полициски возила.
Полицијата соопшти дека се уапсени 36 демонстранти, од кои 27 Италијанци.
Градоначалникот на Рим, Џани Алемано изјави дека сите имаат право да протестираат, за да се слушне нивниот глас, но со почитување на правилата и без предизвикување на инциденти.

{loadposition content9}