Skip to main content

Трикови кои сигурно откриваат лажговци

Лажењето е начин на кој се сака да се избегнат одредени санкции

 |  инфодеск  | 

Сите барем еднаш во животот изрекле некоја лага, а лажењето е начин на кој се сака да се избегне одредена санкција, било да се работи за работа или пак во врска со партнерот, фамилијата и пријателите. Но, со говорот на телото и однесувањето лесно може да открие кога некој лаже.

Говор на телото – Говорот на телото е најчест показател за лага. Лицето кое не ја зборува вистината избегнува контакт со очите и често за време на разговорот го трга погледот настрана. Многу чест говор на тело се и прекрстените раце што симболизира одбранбен став, а истото важи и за нервозното триење на дланките и одење по просторијата.

Недоследност на приказната – Колку и да е добро испланирана, лагата секогаш останува шуплива. Најчести грешки се деталите на прераскажувањето, како што е недоследноста во временскиот период во кој нешто одамна се случило. Со бројни потпрашања за местото и времето и слични детали многу лесно може да се открие дали лицето лаже.

Нервоза – Нервозата е еден од првите знаци на лага. Лажењето е стресно, а ако лицето добро го познавате многу лесно ќе се препознаат првите знаци на нелагодност и нервоза како што се потење, проширени зеници, промена на тоналитетот на гласот или брзината на говорот.

Офанзивно однесување – Лажговците често го користат нападот како одбрана, Започнувањето на кавга и барање виновник е најчеста реакција, посебно ако тргнете со потпрашања на кои лицето кое нешто крие не ги знае одговорите.

Интуиција – Интуицијата често е занемарена, но ако почуствувате дека лицето со кое разговарате звучи или изгледа чудно, не ја занемарувајте својата способност туку обидете се да дознаете зошто ве мачи тоа чудно чувство.