Тројца загинати при напад во градинка во Кина
Нападот се случил во градинка во округот Анфу, провинцијата Џиангкси, пренесува CGTN. Полицијата соопшти дека трага по 48-годишен осомничен.
Најмалку три лица загинаа, а шестмина се повредени во денешниот напад со нож во градинка во југоисточната кинеска покраина Џиангши.
Напаѓачот со капа и маска влегол во приватна градинка во округот Анфу, соопшти локалната полиција.
Осомничениот 48-годишен маж сè уште е во бегство, а полицијата не ја соопшти возраста на жртвите.


