
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју емитувано во неделата изјави дека сака Канада да стане 51-та држава во САД.
-Мислам дека на Канада би ѝ било многу подобро ако стане 51. држава, зашто ние губиме 200 милијарди долари годишно поради неа. Нема да дозволам тоа да се случува. Зошто да плаќаме 200 милијарди долари годишно, што е всушност субвенција за Канада, кажа Трамп во интервјуто за „Фокс њуз“.
Идејата не е добро прифатена меѓу Канаѓаните. Премиерот Трудо кажа дека заканите од Трамп се реални, и се однесуваат на желбата на САД да добијат пристап до канадските резерви на природни суровини. Тој прво воведе царини од 25% за Канада, но во последен момент ја одложи мерката за 30 дена.
Latest Свет
