
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се забранува влез за граѓани на 12 земји. Земјите погодени од најновата забрана за патување се Авганистан, Мјанмар, Чад, Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен. Истовремено, влезот за граѓаните на Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела ќе биде делумно ограничен.
Според Трамп, овој потег е неопходен за заштита од „странски терористи“ и други безбедносни закани. Тој додаде дека списокот може да се ревидира и да се додадат нови земји.