Турција поседува Библија во која Исус го најавил доаѓањето на пророкот Мухамед
Папата Бенедикт 16 побарал дозвола да ја погледне книгата која била сокриена последниве 12 години.
Турција тврди дека поседува Библија стара 1 500 години во која пишува дека Исус Христос го најавил доаѓањето на Мухамед.
Папата Бенедикт 16 побарал дозвола да ја погледне книгата која била сокриена последниве 12 години.
Книгата, чија вредност е проценета на 28 милиони долари, наводно содржи претскажување од Исус за доаѓањето на пророкот Мухамед, што е за Католичката црква неприфатливо, тврди турскиот министер за туризам Ертугрул Ѓунај.
Министерот Ѓунај потврдил дека Ватикан ја побарал книгата на увид. Турските власти ја откриле оваа книга во 2000-тата год. во операција против криумчари на реликвии. Библијата долго време беше запленета и чувана во Анкара а наскоро би требало да биде изложена во Етнографскиот музеј.