Skip to main content

Турција: бројни апсења и состојбата далеку од нормална

Уапсени се околу 3.000 осомничени војници

 |  инфодеск  | 

“Состојбата е во потполност под контрола”, изјавил вчера турскиот премиер Бинали Јилдирим, ден по конфликтите во Анкара и Истанбул помеѓу побунетата војска и жителите кои излегоа на улица.

Билансот на конфликтот е тежок: 161 лице загина и 1.440 се ранети помеѓу силите верни на Ердоган и цивилите, рекол премиерот, додека спрема податоците на шефот на армијата убиени се 104 лица од редовите на побунетите војници.

Знак дека состојбата е далеку од нормална се затворените приоди кон базата Инџирлик, објавија САД кои поради ситуацијата ги одложија воздушните операции против Исламска држава во Сирија. Американските воени сили во Турција добиле наредба да превземат максимални мерки на безбедност.

Вкупно уапсени војници се 2.839 кои се поврзани со неуспешниот воен удар рекол шефот на турската влада, кој се заканил дека “кукавиците ќе го добијат тоа што го заслужиле”.

Властите на Турција тврдат дека одговорен за овие нереди е клерикот кој живее во САД Фетулах Ѓулен.

“Категорички ги одбивам сите обвиненија”, вратил екс сојузникот на Ердоган кој стана заколнат непријател и а кој режимот тврди дека е на чело на терористичка организација.

Пред илјадници приврзаници во саботата навечер Ердоган ги повика САД да го предадат Ѓулен. Вашингтон секогаш тоа го одбивал, а во саботата ја повика турската влада да пружи докази за неговата вмешаност.

Иако е објавено дека обидот за државен удар е неуспешен, претседателот Ердоган по пат на Твитер ги повика своите сонародници да бидат “газди на улиците” бидејќи нови насилија биле секогаш можни.

Ердоган сепак ужива доверба и верност кај милиони Турци посебно затоа што го подигна стандардот и воспостави ред во стопанството кое некогаш имаше редовни кризи, а во првиот квартал од оваа година имаше раст од 4,8% на годишно ниво.