Најголемата турска прехранбена компанија Yildiz holding склучи договор за купување на британскиот United Biscuits, компанија која во историјата е забележана како изумител на легендарните Jaffa колачи (кај нас популарната Ресана) уште во 1927 година. Спрема наводите на британските медиуми, Турците за оваа трансакција ќе платат две милијарди фунти, а со спојувањето со компанијата Ulker, ќе биде создаден третиот најголем производител на бисквити и колачи во светот.
За да дојде до United Biscuits, Yildiz во жестоко натпреварување морал да ги победи американскиот Kelloggs и британскиот Burtons Biscuits кои биле силно заинтересирани за оваа компанија. Новиот сопственик веќе се огласил преку социјалните мрежи, ветувајќи додатни вложувања во компанијата која само во Британија вработува 4600 луѓе. “United Biscuits е нашата нова ѕвезда”, порачал претседателот на Yildiz, Murat Ulker, преку Twitter, поигрувајќи се со името на компанијата. Имено, “yildiz” на турски значи ѕвезда. “Сакаме раст на United Biscuits за да биде дел на Yildiz како глобален играч. Тоа ќе вклучува унапредување на позициите во Британија каде Yildiz моментално е минимално присутен,така што ќе продолжиме да инвестираме во Велика Британија и Европа”, додал Ulker, а пренесува The Gardian.
Имено, таткото и стрикото на Ulker ја основале компанијата во 1944 година. За компанијата со седиште во Истанбул слободно може да се каже дека 70 години по основањето прерасна во глобален играч на пазарот. Yildiz извезува во 110 држави што му носи годишен приход од 15,7 милијарди долари, од што само на странските пазари отстварува 1,3 милијарди долари. Поседува 53 фабрики, од тоа 44 во Турција, а 9 во странство. Од странските фабрики, вистинска драгоценост е белгискиот производител на чоколади Godiva. Од друга страна, новата британска аквизиција вкупно вработува 7,100 луѓе на седум локации во Англија и Шкотска и држи една четвртина од британскиот пазар. United Biscuits е основан по Втората светска војна со спојување на две шкотски компании, McVitie и Price MacFarlane, а Lang McVitiе во 1927 година на пазарот го лансираше популарниот Jaffa, колач со плочка портокал прелиен со чоколадо кој и ден денес е еден од најпродаваните слатки производи на островот.
{loadposition content9}