Американските спортски коментатори ќе внимаваат повеќе што ќе велат по тужбата која ја подигнал навивач на NewYork Yankees, Andrew Rector, против спортската телевизиска куќа ESPN.
Тој 26 годишник во април оваа година е “фатен” со камерите како спие за време на натпревар, а коментаторите Dan Shulman и John Kruk тоа го искористиле за малку шала на негова сметка.
“Ова не е место каде ќе спиеш”, рекле тие пропратено со смеа и ги поттикнале останатите 45 илјади навивачи да станат и да направат овации и така да го пробудат.
Очигледно е дека потоа Rector добил понуди од многу адвокати, кои со совети го поттикнале да реагира за овој настан. Rector тоа го направил по пат на тужба од десет милиони долари поради емоционален стрес кој го претрпел поради оваа случка.
{loadposition content9}