Skip to main content

Турција

Уапсен оперативец на Исламска држава

Абу Зеид е уапсен во заедничка акција на полицијата и разузнавачката агенција откако ги следеле неговите врски во Сирија и Истанбул.
 |  инфодеск  | 
Турска полиција

Турската полиција и разузнавањето уапсија оперативец на Исламска држава, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган синоќа го идентификуваше заробениот оперативец како Башар Хатаб Газал Ал Сумејдаи и дека е познат по името Абу Зеид.

Претседателот рече дека бил уапсен врз основа на разузнавачки информации дека илегално ќе влезе во Турција, но не кажа кога била извршена операцијата.

Абу Зеид е уапсен во заедничка акција на полицијата и разузнавачката агенција откако ги следеле неговите врски во Сирија и Истанбул, пренесува Бета.