Момче (14 год) уби чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград . Неколку ученици се повредени, дознава „Телеграф.рс“.
„Како што дознаваме, ученик од тоа училиште, кој е седмо одделение, дошол во училиштето вооружен и почнал да пука, сето тоа траело околу пет минути. На местото на настанот се испратени три екипи на Брза помош. На терен има голем број полицајци.“ – објави Телеграф.
Српското МВР потврди дека го уапсила малолетникот кој утринава пукаше во ОУ „Владислав Рибникар“ каде има и мртви и ранети. Тие наведуваат дека во 8 часот и 40 минути биле известени дека имало пукање.
-Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште – велат од МВР и додаваат дека згрижувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.