Skip to main content

Пукање во основно училиште во Белград

Уапсен ученикот кој утрово пукаше во основно училиште во Белград

Момче (14 год) уби чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград . Неколку ученици се повредени.
 |  инфодеск  | 
Пукање Белград

Момче (14 год) уби чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград . Неколку ученици се повредени, дознава „Телеграф.рс“.

„Како што дознаваме, ученик од тоа училиште, кој е седмо одделение, дошол во училиштето вооружен и почнал да пука, сето тоа траело околу пет минути. На местото на настанот се испратени три екипи на Брза помош. На терен има голем број полицајци.“ – објави Телеграф.

Српското МВР потврди дека го уапсила малолетникот кој утринава пукаше во ОУ „Владислав Рибникар“ каде има и мртви и ранети. Тие наведуваат дека во 8 часот и 40 минути биле известени дека имало пукање.

-Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште – велат од МВР и додаваат дека згрижувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.