Skip to main content

Уапсени две лица осомничени за убиството на Борис Немцов

Убиството предизвика осуда ширум светот

 |  инфодеск  | 

Две лица се осомничени и уапсени за убиството на рускиот опозиционен лидер Борис Немцов, јави руската телевизија Rusija24, цитирајќи го шефот на руската сојузна служба за безбедност Александар Бортњиков.

Тој рекол дека се работи за Анзор Губашев и Заур Дадаев кои доаѓаат од нестабилното подрачје Северен Кавказ и дека истрагата и понатаму е во тек.

Немцов, поранешен заменик премиер е убиен во центарот на Москва на 27-ми февруари додека шетал преку мостот недалеку од Кремљ со извесна украинска манекенка.

Неговото убиство предизвика осуди ширум светот и повици до руските власти за побрза истрага.

Путин убиството на најостриот руски критичар го нарече “срамота” и најави брза истрага, а Бортњиков изјави дека претседателот е известен за апсењето.

{loadposition content9}