Salah Abdeslam намерно одлучил да не се разнесе за да спаси животи, рекол неговиот брат Mohamed Abdeslam во интервју за француската телевизија BFMTV по разговорот со него во затворот во Белгија каде осомничениот за нападите во Париз чека екстрадиција во Франција.
“Би имало повеќе жртви да го направев тоа”, рекол Salah Abdeslam и додал: “За среќа не можев тоа да го направам”.
Во вооружените и бомбашки напади на 13 ноември во Париз беа убиени 130 луѓе. Abdeslam е уапсен на 18 март во Брисел, четири дена пред бомбашките напади во тој град каде беа убиени 32 лица. Тој негира било каква вмешаност во тие напади.
Abdesalam е француски државјанин, роден во Белгија, и се криеше повеќе од четири месеци во главниот град на Белгија.
Откако е уапсен, Abdeslam бил испрашуван за својата улога во нападите во Париз, а спрема пишувањата на Le Mond и BFMTV тој ја минимизира својата улога во тој напад.
Белгија во четвртокот дала зелено светло за негова екстрадиција во Франција, а ќе биде испорачан во рок од десет дена.