Skip to main content

Пукање во училиште

Убиени 19 деца и двајца возрасни во Тексас

Убиени се 19 деца и 2 возрасни во пукање во училиште во Тексас. Напаѓачот бил осумнаесетгодишник вооружен со пиштол и полуавтоматска пушка.
 |  инфодеск  | 
Убиство Тексас

Најмалку 19 деца и двајца возрасни се убиени во оружен напад врз основно училиште во Тексас. Напаѓачот имал 18 години, а со себе носел пиштол, пушка и панцир. Бил убиен во престрелката со полицијата.

Нападот се случил во местото Увалде. Како што соопштија властите, напаѓачот прво ја убил својата баба, а потоа направил и судар со возилото со кое се превезувал. Излегол од возилото и успеал да влезе во училиштето каде го почнал масакрот.

Тоа што ме погодува е што овој вид масовни убиства се ретки во другите делови од светот… Зошто? Зошто живееме со вакви масакри? Зошто дозволуваме ова да ни се случува?“ – рече претседателот Бајден.

Вчерашниот масакр е најсмртоносен оружен напад врз училиште во Тексас и еден од најсмртоносните во САД после нападот на основното училиште „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, каде беа убиени 26 лица, од кои 20 деца.