Skip to main content

Вооружен напад

Убиени две деца во градинка во Русија

Најмалку три лица се убиени во вооружен напад на градинка во Улјановската област во Русија. Меѓу убиените се и две деца.
 |  инфодеск  | 
Руска полиција

Вооружен маж денеска отворил оган во градинка во руската област Улјановск, при што убил три лица, меѓу кои и две деца, јави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на извор.

Маж со пиштол влегол во градинка во селото Вешкајма, застрелал две деца и учителка, а потоа се самоубил – тврди изворот.

Мотивите на напаѓачот не се познати, а според првичните податоци, мажот пукал од советска ловечка пушка со двоцевка ИЗ-27.

Властите во областа Уљановск го потврдија за Интерфакс фактот дека имало пукање во една од градинките во регионот, како и информации за неколку загинати.

Според зборовите на поранешниот гувернер на Улјановската област и пратеникот во Државната дума, Сергеј Морозов, во престрелката загинале наставник и две деца, а една жена е повредена.

Информацијата за инцидентот во населбата Вескаим за Интерфакс ја потврди и прес-службата на Министерството за образование во Уљановск.