Skip to main content

Вооружен напад

Убиени две лица при престрелка во банка во Канада

Инцидентот се случил во Банката на Монтреал во градот Саанич на Островот Ванкувер, во близина на границата со САД.
 |  инфодеск  | 
Полиција Канада

Канадската полиција убила две лица за време на вчерашната престрелка во банка во Британска Колумбија. Шестмина полицајци се ранети, а околните домови биле евакуирани, откако била откриена можна експлозивна направа, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во Банката на Монтреал во градот Саанич на Островот Ванкувер, во близина на границата со САД.

Двајцата убиени биле „тешко вооружени“, а првичните извештаи сугерираат дека носеле панцири – изјави шефот на полицијата во Саанич, Дин Дати.

Шестмина полицајци се пренесени во болница со прострелни рани.

Во овој момент очекуваме некои полицајци да бидат пуштени на домашно лекување откако ќе им биде укажана помош, додека други кои се здобија со многу сериозни повреди се однесени на операција – рече тој.